Проектот за „зелен покрив“ на Градскиот трговски центар во Скопје ќе претрпи одредени корекции во консултации со архитектите, најави скопскиот градоначалник Петре Шилегов.
– Градот Скопје заедно со УНДП, пред повеќе од 8 месеци потпиша меморандум за соработка од областа на спроведувањето на Стратегијата за климатски промени – Отпорно Скопје, поврзана со мапирање на геотермални точки. Спроведените истражувања покажаа дека покривот на ГТЦ е за 10 степени потопол од пре останатиот простор околу плоштадот Македонија и оттука произлезе идејата дел од овој покрив да биде зазеленет – кажа Шилегов.
Градоначалникот посочи дека идејата за проектот за зелениот покрив на Градскиот трговски центар, согласно со кој Градот Скопје ќе инвестира во проектот, е донација од претпријатието.