Македонија

Шилегов се фали со квалитетот на водата, граѓаните незадоволни

И покрај недостигот на водата кој го чувствуваат граѓаните, по повод Светскиот ден на водата, градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, ги посети изворите Рашче 1 и 2, од каде се пофали со квалитетот на водата. Уверува дека Скопје е рангирано на третото место на листата на европски земји.

Од друга страна пак, граѓаните се жалат за квалитетот на водата и велат дека воопшто не ја користат водата од чешма. Жителите на селото Смесница, општина Зелениково, повеќе од 12 години се соочуваат со недостиг на вода за пиење, иако со години го добиваат истото ветување од локалните власти. Еден жител вели дека цевките се во селото, но никој не дошол да ги постави.

„Пред 12 години стигнаа цевките. Тука се во селото, но не се поставуваат. Вода немаме, но затоа имаме доста ветувања. Но, и ден денеска немаме вода“, вели жител на Смесница.

Други пак, велат дека воопшто не пијат вода од чешма, туку дека купуваат.

Инаку, една анализа покажа дека над 35% од селата на целата територија на државата, немаат безбедна вода за пиење, а на глобално ниво, дури 80% од луѓето, кои живеат во рурални средини, консумираат нездрава вода.

РЕПОРТЕР: МЕВЉУДИН ИМЕРИ

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни