Фудбалерите на Шкупи доживеаја тежок пораз на стартот од новата сезона во Првата македонска фудбалска лига, откако беа поразени од Шкендија со убедливи 5:1 во Тетово.
Гостувањето беше проследено и од најверните навивачи – „Шверцери“, кои пристигнаа во Тетово, но не останаа до крајот на натпреварот. Како што е веќе познато, навивачката група од Чаир повторно беше пуштена на трибините со задоцнување, а во второто полувреме колективно го напуштија стадионот.
На трибината оставија транспарент со остро предупредување: „Ви верувавме на зборовите, ни продадовте лаги. Шкупи не е место за измамници“.
Навивачите ја изразија својата фрустрација и разочараност од раководството на клубот, обвинувајќи за лажни ветувања и погрешна насока во која се движи клубот.
Овој потег на „Шверцери“ дополнително ја засени играта на теренот, а поразот од 5:1 уште повеќе го продлабочи незадоволството меѓу фановите.
Видео од протестниот гест веќе се споделува на социјалните мрежи, каде навивачите најавуваат „будна есен“.