Поранешниот претседател на Перу, Алан Гарсија си пукал во вратот откако полицијата дошла во неговата куќа во Лима з ада го уапси поради истраги за корупциски афери во кој е вмешан во последните неколку години.
Локалната телевизија ТВ Америка јавува дека Гарсија е пренесен во болница, дека врз него е направена итна операција, и дека ситуацијата му е критична.
„Ла Република“ пишува дека Гарсија влегол во својата спална соба кога видел дека полицијата се приближува, и си пукал во врат.
Гарсија се сомничи дека примил мито за изградба на метро во Лима во текот на вториот претседателски мандат од 2006 до 2011.
The post ШОК ВО ЈУЖНА АМЕРИКА: Дошле да апсат поранешен претседател, тој си пукал во врат! appeared first on ТВ21.