Шпанија: Едно лице загина, две се повредени во експлозија во фабрика за преработка на отпад

Едно лице загина, а две се тешко повредени во експлозија што се случи утрово во компанија за третман на медицински отпад во градот Сокуелхамос во покраината Сиудад Реал на југот на Шпанија.

Според локалните власти, експлозијата се случила околу 8:50 часот наутро во индустриската зона, кога експлодирале буриња со хемиски супстанции.

Причината за несреќата засега е непозната, а Цивилната гарда започна истрага, пренесува RTVE.