Македонија

Шпанија ја добива битката со ковид-19 – „Ниту еден свештеник не даде насоки на граѓаните како да се однесуваат“

„Граѓаните беа засегнати од големината на проблемот, односно до толу беше голема кризата што луѓето навистина имаа желба да ги сослушаат властите и да направат се што ќе им биде препорачано само за да ги избегнат најтешките последици“, истакна Емил Кирјас кој живее во Шпанија.

Вака граѓаните реагираат на мерките кои ги носат здравствените власти во Шпанија, која пикот на заразата го достигна на почетокот од месец април и од тогаш па до денес, бројот на новозаразени драстично опаѓа, а веќе три дена нема починати лица.

Емил Кирјас кој живее во Шпанија вели тамошните власти уште за време на пикот, била донесена изелзна стратегија во период од два месеца, со што им било овозможено на граѓаните да може да научат како да се прилагодат кон мерките постепено и да ги прифатат истите.

„Казните се големи, казните се огромни, не само што беше забрането да се излезе од дома без потреба, а доколу тоа се случеше, следува казна од 600 евра, доколку полицијата и безбедносните сили забележуваше дека ги злоупотребувате граѓанските слободи да излезете надвор. Не беше дозволено никакво групирање по станови, полицијата упаѓаше во станови доколку имаше дојава дека има групирање“, посочи Кирјас.

Властите мерките и глобите постојано ги ревидирале на две недели, а највисок казна е за групирање пред зграда или сопствен двор. Казната изнесува 6.000 евра.

Кирјас додава дека е до комуникацијата и како тоа ќе биде пренесено до граѓаните. Потенцира дека мерките ги почитуваат и граѓаните, но и јавните функционери.

„Она што е интересно, Шпанија е многу религиозна земја како Македонија. Црквата е многу јака. Јас до денеска не видов, еден свештеник или кардинал да му дава на граѓаните насоки како треба да се однесуваат или да кажуваат кои треба мерки да бидат преземени за време на здравствената криза“, вели Кирјас.

Интересен е и фактот, што во некои области во Шпанија, на 12-ти јули ќе се одржат избори и за тоа нема дилеми ниту пак партиски преписки дали истите може да се одржат поради пандемијата, откако еднаш биле одложени. Со донесената одлука било предвидено дека само доколку има влошување на состојбата може изборите да се одложат.

Сличен пример на избори во пандемија, реализираше и Франција. Но на локалните избори имаше ниска излезност.

.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни