Свет

Шпанија усвои пакет мерки за намалување на потрошувачката на гас

Шпанија усвои пакет мерки за намалување на потрошувачката на гас

Владата на Шпанија усвои пакет мерки за намалување на потрошувачката на гас до 13,5 отсто за периодот од август 2022 година до март 2023 година, јави ДПА.

„Планот за поголема енергетска сигурност“ предвидува

даночна поддршка за домаќинствата и компаниите, промоција на обновливите извори на енергија и зајакнување на индустриските капацитети, соопшти синоќа Владата.

Предвидени се вкупно 73 мерки, но деталите се уште не се соопштени.

Пред се, станува збор за „солидарност со остатокот од Европа“, објасни министерката за транзиција на животната средина, Тереза ​​Рибера. Таа нагласи дека Шпанија е во поинаква ситуација во однос на зимата во споредба со „другите земји во Европа кои историски повеќе зависат од рускиот гас“. Според неа, невозможно е да има масовно исклучување на гасот и електричната енергија во Шпанија во текот на зимата, но тоа може да се случи во други земји од Европската унија.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни