Шпанска банда продавала непостоечки кучиња и заработила повеќе од 150.000 евра

Шпанската полиција уапсила шест лица осомничени дека продавале непостоечки кучиња, а од купувачите зеле повеќе од 150.000 евра.

Полицијата соопшти дека бандата била со седиште во Баскија и дека рекламирала дека продава мобилни телефони и домашни миленици, кои никогаш не им биле доставени на клиентите, пренесува Гардијан.

„Модусот на работа се засноваше на поставување реклами на платформи за купување. Во повеќето случаи нуделе кученца, но и мачки и папагали по пристапни цени“, се вели во соопштението на полицијата.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното