Штип и оваа година ќе биде центар на добрата забава и вкусното јадење. Познатата гастрономска манифестација „Пастрмајлијада“ ќе се одржи на 18 и 19 септември на две локации — шеталиштето „Ванчо Прќе“ и Градскиот стадион. Градоначалникот Иван Јорданов најави дека поучени од минатогодишното искуство, препознатливиот бренд ќе се продава во унифицирани објекти на двете локации, со обезбеден посебен сообраќаен режим и дополнителни паркинг-места за илјадниците очекувани гости.
И покрај зголемените трошоци, цената на штипската пастрмајлија ќе изнесува 250 денари, а закуп на штандови веќе обезбедија над 30 угостители.
Програма по денови:
- Петок (18 септември) – Шеталиште „Ванчо Прќе“
- 13:00 ч. – Официјален почеток со традиционално сечење на гигантската пастрмајлија.
- Попладневна програма: Културно-уметнички друштва и диџеј-сетови.
- Вечерни концерти: Лара Ивановска, Таско и српската ѕвезда Сара Јо.
- Сабота (19 септември) – Две локации
- 11:00 ч. (Шеталиште): Забавна програма и дегустација во текот на целиот ден.
- 19:00 ч. (Градски стадион): Големото музичко finale со настапите на дуото Јован Јованов и Елвир Мекиќ, како предгрупа за централниот концерт на Жељко Јоксимовиќ.