Македонија

Што е следно, да стане директор на АНБ? – Заев ги повика надлежните да не дозволат да застарат делата на Мијалков

Што е следно, да стане директор на АНБ? – Заев ги повика надлежните да не дозволат да застарат делата на Мијалков

Поранешниот премиер Зоран Заев на својот Фејсбук профил пишува дека стотици илјади граѓани со години се бореле да ги срушат алчните арамии од режимот и успеале, а сега, некој се исмева со таа борба и се обидува да ја ништи освоената правда.

„Со двете поништени пресуди, директно се упатува на враќање, а со тоа и повторување на грозоморните дејствија на режимската врхушка и секако се мотивираат и други чинители да прават исти вакви громорозни дејствија со кои се газат масовно човекови права и сите вредности за кои се бореше целиот македонски народ пред само неколку години преку Шарената револуција. Што е следно, Мијалков да стане директор на АНБ, а Груевски да се врати невин на бел коњ? Па и утре да станеме членка на ЕУ тоа нема да го испере овој срам и блам. Ги повикувам сите надлежни од и околу правосудството, сите со грам одговорност за иднината на нашата земја и нашиот народ, да не дозволат да застарат делата на Мијалков и да направат сѐ виновниците да одговараат бидејќи за нивните злодела има докази чисти како ден“, вели Заев

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни