Македонија

Што ќе објави утре ВМРО-ДПМНЕ за СДСМ и ДУИ?

Најголемата опозициска партија најавува дека од утре започнува со објавување на како што велат тие криминални тендери на градоначалници од СДСМ и ДУИ.

Оваа информација ја објавија вечерва на нивната официјална стрница на друштвената мрежа Фејсбук.

„Започнуваме со објавување на криминални тендери на претходните градоначалници од СДСМ/ДУИ. Утре во 11:00 часот на прес конференција ќе обелодениме како еден скопски градоначалник преку скандалозен тендер за улично осветлување направил криминал од илјадници евра. Следете не“, стои во објавата.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни