Што се случи со најубавите близначки на светот: Со убавината ја хипнотизираа планетата, а еве денес како изгледаат!

Ава Мари и Леа Рус станаа познати практично пред да проодат, а сето тоа благодарение на тоа што набргу по нивното раѓање во 2010 година беа прогласени за „најубавите близначки на светот“.

Од тој момент станаа „јавни личности“, на иницијатива на нивната мајка влегоа во светот на манекенството, а потоа таа им отвори профил на Инстаграм. Така почнале да заработуваат голема сума пари во најраното детство.

„Луѓето навистина ми велеа: „Леле, тие се толку убави, навистина треба да размислите да ги вклучите во манекенството, а потоа почнав да верувам дека тоа е добра идеја“, изјави нивната мајка Џеки Клементс.

Тоа го пробала кога девојчињата имале само шест месеци, но бидејќи имала постар син, и било премногу тешко да жонглира помеѓу мајчинството и ангажманот на нејзините близначки.

„Мојот прв обид траеше кратко и решив дека не е вистинското време“, рекла Џеки и додала дека го чекала 7-миот роденден на девојчињата за да можат сами да одлучат дали сакаат да се занимаваат со манекенство.

Им реков на моите ќерки дека ако се спремни, освен со танц и пливање, можат да се занимаваат и со манекенство“, рекла оваа мајка, коментирајќи дека тогаш почнале да скокаат од радост и едвај чекале да почнат. Џеки исто така истакна дека Ава и Леа сакаат да настапуваат и да бидат во центарот на вниманието.

Девојчињата денес имаат 11 години, со повеќе од 1,8 милиони следбеници и дебело наплаќаат за секоја објава.

Додека некои ја поддржуваат нејзината одлука, други ја критикуваат, тврдејќи дека јавното изложување во нејзиното најрано детство ќе остави трајни последици врз нивната самодоверба.

Исто така, многумина забележаа дека близнаците изгледаат тажно на фотографиите и се чини дека не уживаат во многу часови позирање.

“Дали ги запознавте моите ќерки? Очигледно не, штом давате вакви коментари. Ја ценам вашата грижа, но моите девојки се добро! Тие се среќни”, се бранела Џеки.