Австрискиот вицепремиер и лидер на крајната десница Хајнц-Кристијан Штрахе поднесе оставка откако беше објавено видео во кое тој нуди владини тендери во замена за политичка поддршка на жена. Штрахе соопшти дека веќе му ја понудил оставката на канцеларот Себастијан Курц, со цел да спречи паѓање на владината коалиција.
Иако истакнал дека не прекршил закон, Штрахе се извини и призна дека е пијан во миговите кога тој нуди државни инфраструктурни договори на жена која се претставила како донатор од Русија. Снимката е направена во јули 2017 година на одмор на Ибица.
Германскиот неделник „Шпигел“ и дневниот „Зидојче цајтунг“ вчера го објавија видеото. Изданијата тврдат дека скриена камера го снимала состанокот во вила во Ибица во јули 2017, неколку месеци пред парламентарните избори.
На снимката руската донаторка зборува да купи таблоид, а за возврат да ги форсира неколку луѓе од партијата на Штрахе. Воедно, таа бара да отвори градежна фирма и да ги добие сите тендери поврзани со државни работи.
The post Штрахе поднесе оставка од функцијата вицепремиер на Австрија по скандалот со видеото appeared first on ТВ21.