Ширум Франција по повик на Левичарската Генерална конфедерација на трудот (ЦГТ), се одржа штрајк на вработените во јавната администрација.
Штрајкот беше организиран под слоганот „Социјална ургентност“, а во повеќе француски градови се одржаа и синдикални протести.
Само во Париз на протсетите присуствуваа неколку илјади демонстранти, а слично собири се одржаа и во триесетина други француски градови.
Штрајкот резултираше со застои во јавниот градски превоз и во железничкиот сообраќај, но немаше блокада на улиците. Воздушниот сообраќај исто така беше нарушен, поради штрајкот на парискиот аеродром.
Поради приклучување кон штрајкот на наставници, професори и на вработени во образовните институции, имаше прекини и во наставата.
Како резултат на штрајкот, Ајфеловата кула денеска беше затворена за постители.