Македонија

Сиљановска: Помилувањата се базираат на заштита на човековите права, луѓето и кога се во затвор се луѓе

Сиљановска: Помилувањата се базираат на заштита на човековите права, луѓето и кога се во затвор се луѓе

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова изјави дека, по колективната оставка на Комисијата за помилување, се започнати разговори за нов состав, но не се брза со формирањето. Оставката била поднесена поради лични и професионални причини.

Во тек се консултации со експерти и невладин сектор за да се создаде адекватна структура на новата Комисија. Сиљановска Давкова нагласи дека помилувањата се базираат на заштита на човековите права и дека судот треба да ги разгледа сите релевантни аспекти за осудените.

„Јас верував и се уште верувам дека луѓето и кога се во затвор се луѓе, можеби се расчовечиле во некој момент, но не треба да заборавиме дека тие се граѓани, гласаат и затоа постои правото на помилуање. Секој треба да добие шанса за социјализација и ресоцијализација“, вели Сиљановска Давкова истакнувајќи важноста на правото на помилување.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни