Сиљановска за разорните пожари во Лос Анџелес: Моите мисли се со сите кои се погодени од оваа трагедија

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова вели со длабока загриженост ги следи вестите за разорните пожари што беснеат во Лос Анџелес.

„Моите мисли се со сите кои се погодени од оваа трагедија, со семејствата кои изгубиле сакани лица и со храбрите пожарникари кои неуморно се борат со немилосрдните пламени.

Моето најдлабоко сочувство оди до оние кои претрпеле непоправливи загуби.

Искрено се надевам дека пожарите наскоро ќе бидат ставени под контрола и дека ќе се спречат дополнителни штети“, вели Давкова.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното