Силен земјотрес го стресе Токио, има повредени (ВИДЕО)

Земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала го погоди јапонскиот главен град Токио. Ова го покажуваат податоците на Јапонската метеоролошка агенција, цитирани од Dailymail. Епицентарот на земјотресот бил регистриран во префектурата Чиба, источно од Токио. Повредени се 19 лица. 

Не беше издадено предупредување за цунами. Некои од возовите во градот беа запрени поради земјотресот. 

Во земјотресот со јачина од 6,1 степени во јапонската престолнина беа повредени 19 лица. Ова го објави НХК.