Земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала е регистриран во централна Турција, на 200 километри од Анкара.
Земјотресот бил на длабочина од 9 километри, засега нема информации за материјална штета.
Граѓаните велат дека земјотресот бил почувствуван доста силно.
„Траеше околу пет секунди“, пренесе EMSC.