Силен земјотрес со јачина од 6,7 степени по Рихтер го погоди островот Минданао на Филипини, утрово. Епицентарот бил лоциран на 47 километри североисточно од градот Мати, со население од околу 105.000 жители, и на само 6 километри југоисточно од градот Манај, каде живеат околу 20.300 жители.
Земјотресот се случил на длабочина од 92 километри, а засега нема официјални информации за жртви или поголема материјална штета.
Сепак, локалните власти ги повикаа жителите да останат на отворено и да се држат подалеку од објекти кои би можеле да се урнат.
Се очекуваат последователни појави на потреси, па се препорачува внимание и следење на упатствата од надлежните служби за итни ситуации.
Читај и ова:
- 1.Шпанија: Црвен метеоролошки аларм во регионите Мурсија и Валенсија
- 2.Сончево време со умерен северен ветер низ земјата
- 3.Го празнуваме Светиот маченик Калистрат
- 4.Дневен хороскоп за петок, 10-ти октомври 2025 година!
- 5.Над 5 лица синоќа се тепале во познат скопски ресторан, полицијата соопшти нови детали