Breaking Катастрофа во Венецуела: Серија од најсилните земјотреси во историјата на земјата, прогласена вонредна состојба
Свет

Силен земјотрес од 7,2 степени ја погоди Јапонија, нема опасност од цунами

Силен земјотрес од 7,2 степени ја погоди Јапонија, нема опасност од цунами

Јапонија утрово беше погодена од силен земјотрес со магнитуда од 7,2 степени според Рихтеровата скала, кој го погоди североисточниот дел на земјата и беше почувствуван и во главниот град Токио. И покрај силата на потресот, властите соопштија дека нема опасност од цунами, ниту пак засега има информации за жртви или поголема материјална штета.

Според Јапонската метеоролошка агенција, епицентарот на земјотресот бил во морето во близина на источниот брег на префектурата Ивате, на длабочина од околу 50 километри. Агенцијата ја коригираше првичната проценка од 6,9 на 7,2 степени, додека Американскиот геолошки институт ја задржа проценката од 6,9 степени.

Потресот се случил во текот на утринскиот сообраќаен шпиц, поради што дел од брзите и локалните железнички линии во североисточниот дел на земјата биле привремено запрени за безбедносни проверки. Надлежните служби информираа дека во нуклеарните централи и другите критични објекти не биле забележани никакви оштетувања или неправилности.

Во основно училиште во градот Хашиками, во префектурата Аомори, наставата била прекината, а учениците биле испратени дома. Директорката на училиштето изјавила дека дел од децата биле исплашени и плачеле по земјотресот, но сите биле безбедно евакуирани.

Јапонската премиерка Санае Такаичи соопшти дека владиниот кризен штаб ја следи состојбата и собира информации од погодените региони, додека спасувачките служби се подготвени да реагираат доколку биде потребно.

Иако не е издадено предупредување за цунами, властите ги повикаа граѓаните да останат внимателни и да ги следат препораките на надлежните институции поради можноста од нови последователни потреси во наредните часови и денови.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни