Свет

Силен земјотрес со јачина од 5,3 степени ја погоди Канада

Силен земјотрес со јачина од 5,3 степени ја погоди Канада

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала рано утринава ја погоди Канада.

Земјотресот е регистриран во 6:37 часот, во областа на островот Ванкувер.

Хипоцентарот на земјотресот, според податоците на EMSC, се наоѓа на длабочина од приближно 10 километри под површината на земјата.

Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.

Ноќно студио

Најнова епизода

Барутана, „Треска“ и кула од 105 метри: Каде оди Скопје? Ноќно студио со Билјана Ф. Тодорчевска

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни