Силен земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди северниот дел на Чиле, соопшти германскиот истражувачки центар за геонауки (ГФЗ).
Земјотресот се случил на длабочина од 122 километри, соопшти ГФЗ, пренесе Ројтерс.
Засега нема информации за евентуални жртви или причинета материјална штета.