Земјотрес со јачина од 5,9 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди западниот брег на Колумбија, соопшти германскиот истражувачки центар за геонауки (ГФЗ).
Во соопштението се наведува дека епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри, пренесе Ројтерс.
Засега нема информации за евентуални повредени или материјална штета.