Свет

Силјановска Давкова и Мицкоски од Битола повикаа за масовно излегување на избори

Претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Гордана Силјановска Давкова и лидерот на најголемата опозициска партија Христијан Мицкоски, ги повикаа битолчани масовно да излезат и да гласаат на претстојните избори за прв човек на државата.

Силјановска Давкова упати и апел до власта да создаде благопријатен амбиент за фер и демократски избори.

– Не сум помислувала дека ќе дојде ден кога ќе прифатам ваков предизвик. Да убедите еден народ дека сте за него, со него секогаш, да работите знаејќи дека таму не сте заради себе, туку за да решите проблем. Ве повикувам да излезете на овие избори бидејќи се многу важни, тие значат НЕ за тоа што го правеа, тие значат НЕ на тоа што беше потврдено како НЕ на референдумот, порача претседателскиот кандидат на опозицијата.

Доколку бидам избрана за претседател, порача, ќе се опкружам со луѓе од знаење, луѓе од доверба, луѓе со креација, со дигнитет, со интегритет…,за да пратиме порака кон оние надвор и до најдобрите млади што се уште се тука дека најдоброто ќе биде почитувано и вреднувано, тие ќе дојдат на вистинските места.

Според лидерот на ВМРО ДПМНЕ, на избори треба да се излезе масовно затоа што со победата ќе се предизвикаат и предвремени парламентарни избори кои, според него, ќе се одржат наесен.

-Да го поддржиме кандидатот на опозицијата, најинспиративниот универзитетски професор. Победа на 21 април, и потврда на победата на 5 мај, и тоа тука во Битола, со што ќе се отворат вратите за предвремени парламентарни  избори, а потоа најголемата коалиција, најголемата политичка коалиција во историјата на македонската држава ќе биде коалицијата на народот и опозицијата, само така ќе си ја вратиме Македонија во народот, рече Мицкоски.

The post Силјановска Давкова и Мицкоски од Битола повикаа за масовно излегување на избори appeared first on ТВ21.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни