СИЛЈАНОВСКА-ДАВКОВА ЗА ТРАГЕДИЈАТА ВО ШВАЈЦАРИЈА: „Како нација што ја носи болката од Кочани, длабоко сочувствуваме“

Претседателката Гордана Силјановска-Давкова упати телеграма со сочувство до швајцарските власти и народ по повод трагичниот пожар во ски-одморалиштето Кранс-Монтана, во кој животот го загубија голем број луѓе за време на новогодишната прослава.

​Во својата порака, претседателката направи емотивна паралела со трагедијата во Кочани, изразувајќи длабоко разбирање за болката низ која поминуваат семејствата на жртвите.

Се вчитува...

​„Македонија е подготвена да помогне“

​Во пораката упатена до нејзиниот швајцарски колега, Силјановска-Давкова истакна:

​„Со длабока тага ја примивме веста за трагичниот пожар што се случи за време на новогодишната ноќ во Швајцарија. Како нација која ја носи болката од Кочани, длабоко ја разбираме тежината на ваквите трагедии и трајните рани што тие ги оставаат зад себе.

​Во овие тешки и чувствителни моменти, упатуваме искрено сочувство до семејствата на жртвите и изразуваме целосна солидарност со швајцарскиот народ. Македонската држава е подготвена да пружи соодветна помош, доколку е потребна.“

​Оваа реакција доаѓа во момент кога светот е потресен од вестите за големиот број жртви во Швајцарија, а Македонија сè уште ги лекува раните од слични трагедии поврзани со пожари во минатото.