Македонија

Силјановска-Давкова: Законот за амнестија е нефункционален

Силјановска-Давкова: Законот за амнестија е нефункционален

Претседателката Гордана Силјановска-Давкова оцени дека постојниот Закон за помилување е нефункционален и дека е неопходна негова темелна реформа, нагласувајќи оти сегашните решенија не обезбедуваат јасен и применлив правен систем.

„Законот за помилување, каков што е сега, поради многу укинати одредби, повеќе не наликува на логичен правен текст. Насекаде во светот постои можност за помилување, самиот збор покажува дека понекогаш лицето треба да се апстрахира од казната и да го оцени процесот на престој во затворите, да стимулира заминување од тој свет и можност за различно однесување. Треба да постои можност за помилување кое ќе опфаќа подолг временски период, а Комисијата за помилување треба да има обврска да доаѓа во затворите и да разговара со луѓе кои поднеле барања. Исто така, треба да се овозможи посета на затворите на одредени датуми“, рече Силјановска-Давкова.

Истовремено, Силјановска-Давкова ги поддржа и измените во Кривичниот законик, оценувајќи дека построгите казни и реформите во судските закони се клучни за поефикасна борба против корупцијата и криминалот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни