Свет

Силјановска од Македонски Брод: Граѓаните рекоа не за промена на името, но власта заборави на народот

Гордана Силјановска – Давкова, кандидатот за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, вечерва се обрати пред жителите на Македонски Брод каде што се осврна на менувањето на Уставот поради менувањето на името.

„За двесте години Американците само 27 пати го смениле Уставот, а тој има само 7 члена, посочи Силјановска Давкова како споредба.

Додека ние го сменивме Уставот 36 пати од 1991 година ама само 2 пати од внатре, еднаш заради притворот и втор пат заради правосудството. Сите други измени доаѓаа од надвор. На барање од надвор“, појасни Силјановска Давкова.

Силјановска Давкова потсети дека минатата година Уставот на Република Македонија се менуваше не заради граѓаните, не заради добрата функционална држава, не заради подобар економски, политички, правен живот туку заради промена на името. И во Преамбулата.

„Преамбулите е тоа е еден дел што му претходи на Уставот ама тоа не е неважен дел. Таму во нашата Преамбула пишува нешто што го слушаме или кога ја пееме химната. Се кажува за славното минато, за Илинден, за Крушевска Република, за Втората Светска војна, за целите што ни се најважни. Преамбулите во светот ретко се менуваат. Зошто? Зошто Преамбулата го отсликува од кога е донесен Уставот, од 1991 година. Да потсетам дека граѓаните рекоа НЕ за промена на името. Референдумот не успеа. Ама власта заборави на народот. Ние со молкот испративме порака до власта дека не ги легитимираме ни власта ни референдумот. Туку ги делигитимираме“, истакна Силјановска Давкова.

The post Силјановска од Македонски Брод: Граѓаните рекоа не за промена на името, но власта заборави на народот appeared first on ТВ21.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни