На денешниот марш на жените по повод празникот 8. март, кандидатката за претседател Гордана Силјановска Давкова рече дека редно е со државата да управува жена.
„Не сум многу среќна за рамноправноста ако знам дека во президиумот на АСНОМ имало 4 жени, а сега има 4 министерки од сите министерства. Ректорот на Правен факултет бил воден само еднаш од жена. Верувам дека на престојните избори ќе ги добијам гласовите од сите жени во Македонија, и редно е на женски начин да се управува државата“, истакна Силјановска.