Свет

Силно невреме во Јапонија – едно лице загина

Силно невреме во Јапонија – едно лице загина

Најмалку едно лице загина, а три се повредени по обилните врнежи од дожд, придружени со невреме, кои предизвикаа лизгање на земјиштето во централна Јапонија и го запреа железничкиот сообраќај.

Еден човек загина во префектурата Шизуока откако неговиот автомобил паднал во езеро.

Три лица се повредени во одрон во таа префектура, а едно лице се води како исчезнато.

Невремето ја погоди Јапонија по тајфунот во кој загинаа неколку луѓе во последните недели.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни