Свет
18,281,051
Вкупно активни случаи
Updated on 20/04/2021 18:02 18:02
Македонија
18,658
Вкупно активни случаи
Updated on 20/04/2021 18:02 18:02
Македонија
4,509
Вкупно починати
Updated on 20/04/2021 18:02 18:02
Македонија
124,828
Вкупно оздравени
Updated on 20/04/2021 18:02 18:02

„Симнете ни го имунитетот на сите“, велат од ВМРО-ДПМНЕ – СДСМ го сака Груевски во затвор

По отворањето на дебатата за одземање на имунитетот на пратеникот, Трајко Вељановски, настана тензична ситуација во Комисијата за мандатно-имунитетни и деловнички прашања. Опозицијата ја обвинува власта дека одземањето на имунитетот на Вељановски е политички нарачaно. Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Благица Ласовска побара оваа парад на власта да се прекине и на сите пратеници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ да им се симне имунитетот.

Но пратеничката веднаш доби одговор од претседателот на, Павле Богоевски, кој рече дека пред законите сите сме исти и лицето кое го спомнавте (Трајко Вељановски) 10 години било на висока позиција и не треба да биде во повисоко ниво во однос на законот.

Шефот на опозицијата, Христијан Мицксоски, изјави дека прашањето со одземањето на имунитетот на пратеникот Велјановски е слична со поговорката „Дајте ми  човек за да му смислам обвинение.

Поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељановски, се обвинува од Обвинителството за организиран криминал дека е организатор на настаните од 27 април, минатата година во Собрание. Освен Велјановски, осомничени се и екс-премиерот, Никола Груевски, екс-министрите Миле Јанакиевски и Спиро Ристовски и поранешен вработен во УБК, Никола Бошњаковски. Миле Јанакиевски сега засега се наоѓа во домашен притвор а екс-министерот Ристовски, во затворот во Шутка. Пресудата за настаните на 27 април ќе се објави на 15 март од Основниот суд.

РЕПОРТЕР: ЗИМЕР ЈАШАРИ

Извор: ТВ21

WP2Social Auto Publish Powered By : XYZScripts.com