Семеен конфликт во Штип ескалирал во физичко насилство, при што 64-годишен маж се здобил со тешки телесни повреди, а неговиот син бил приведен од полицијата.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 4 април 2026 година околу 21:30 часот, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода 35-годишниот Ѓ.Б. од Штип. Тој се сомничи дека претходно истиот ден, околу 14:30 часот, во дворот на семејната куќа физички го нападнал својот 64-годишен татко и му нанел тешки повреди.
Од полицијата информираат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
