Син понеделник: Зошто се смета за најдепресивниот ден во годината?

Дали знаете дека денес, 20 јануари, е најдепресивниот ден во годината, кој уште се нарекува и Син понеделник?

Иако нема фиксен датум, третиот понеделник во јануари обично се зема како ден и е поврзан со чувство на тага, недостаток на мотивација и енергија.

Почитувањето на овој датум често е критикувано поради недостаток на научна основа, но тој стана ден за промовирање на свеста за менталното здравје и индивидуалната грижа. Синиот понеделник падна на 20 јануари годинава.

Терминот „Син понеделник“ датира од 2004 година кога го измислил психологот и мотивационен говорник Клиф Арнал, кој бил ангажиран од британската маркетинг компанија Скај Травел за да ги охрабри луѓето да резервираат одмор за да го подигнат својот дух.

Овој проект првпат беше претставен во 2005 година како начин за борба против зимската меланхолија.

Скај Травел го избра овој ден од годината за најдепресивен ден бидејќи често се совпаѓа со финансиски тешкотии, лошо време и завршување на празниците.

Важно е да знаете дека доживувањето емоции на замор, меланхолија и тага и дијагнозата на депресија не се исти. На овој ден, традиција е разни интернет страници да споделуваат совети како да го подигнете расположението во мрачните зимски денови.

Експертите тврдат дека овој датум, без научна основа, навистина почнува да биде ден кога луѓето се чувствуваат лошо поради количината на информации што ги добиваат на Интернет за тоа колку луѓе се чувствуваат лошо на Синиот понеделник.

Тие особено истакнуваат дека депресивните епизоди кај пациентите кои страдаат од оваа подмолна болест всушност може да се влошат.

Она што научниците го истакнуваат е дека причина за лошото расположение во овој дел од годината би можело да биде предизвикано од сезонското афективно пореметување кое луѓето често го доживуваат во есенските и зимските денови.

Како причина за лошото расположение се наведува недостатокот на сончева светлина, која има влијание врз расположението на луѓето.

За луѓето кои страдаат од SAP, најтешки месеци се јануари и февруари, но нивната состојба се подобрува со доаѓањето на пролетта и потоплите денови.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното