Синоќа втора несреќа на Фејсбук, од компанијата соопштија што се случило…

Фејсбук ги поправи проблемите што предизвикаа втор прекин на неговата работа оваа недела и им се извини на корисниците, објавија светските агенции.

Синоќа, Фејсбук , Месинџер и Инстаграм повторно станаа недостапни за корисниците во некои делови на светот. Според податоците на веб -страницата Downdetector, корисниците пријавиле прекини во работата на социјалните мрежи. На компанијата изјави дека неуспехот е предизвикан од страна на “погрешна конфигурација” на рутери.

Се вчитува...

” Искрено се извинуваме ако немавте пристап до нашите социјални мрежи во последните неколку часа. Го поправивме проблемот и ви благодариме уште еднаш за трпението оваа недела” , стои во објавата на Фејсбук .

Податоците за проблемите со Фејсбук почнаа да се појавуваат по 21 часот во петокот. Корисниците во САД и Европа изразија незадоволство од работата на страницата и мобилната апликација. Неколку минути по првите известувања за прекини на Фејсбук , имаше и извештаи за проблеми со Инстаграм. Во понеделникот, Facebook , Messenger, Instagram и Whatsapp беа недостапни со часови во многу делови на светот.

Фејсбук поминува низ сериозна криза, откако стана јавен фактот дека нејзината внатрешна истрага покажа дека придонесува за ширење омраза и информации и води до зголемена поларизација и дека Инстаграм може да му наштети на менталното здравје на тинејџерите.