Сите го мислеа како добар човек, а тој криел вознемирувачка тајна – 500 жртви се јавија по неговата смрт!

Познатиот водител на Би-Би-Си на популарната емисија „Top of the Pops“ Џими Савил почина во октомври 2011 година, по што повеќе од 500 луѓе се огласија тврдејќи дека тој сексуално ги злоставувал, повеќето од нив на многу рана возраст.

Според Дејли Мејл, неговата најмлада жртва имала само две години, а злоставувањето почнал да го прави уште во 1955 година, што продолжило до 2006 година.

Неговата ужасна тајна ја откри документарниот филм „Exposure: The Other Side of Jimmy Saville“ и покажа дека зад лицето на познатиот хуманитарец и филантроп се крие лице на сексуален предатор.

Се снима и контроверзната играна драма „The Reckoning“ во која Џими ќе го игра актерот Стив Куган, а се појавија и првите фотографии од сетот.

56-годишниот актер носи долга перика, златен прстен и бунда додека снима сцени на плажа, а придружуван од 78-годишната актерка Џема Џонс, која ја игра Агнес, мајката на Џими, која почина во 1972 година. Во срцето на заплетот ќе биде приказната за подемот на Џими до славата, како и приказната за предаторски сексуален престапник.

Снимањето на филмот беше критикувано од многумина, но креаторите на ова дело најавија дека приказната ќе биде прикажана со чувства и почит кон стотиците жртви.

„Нил Мекеј напиша интелигентно сценарио кое чувствително се занимава со ужасна приказна, која, колку и да е болна, треба да се раскаже“, изјави Стив пред снимањето.