Македонија

„Сите кои беа дел од „бомбите“ вклучувајќи го и Заев да бидат повикани во полициска станица“, побара Чулев

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев откако денеска беше повикан од страна на лидерот на СДСМ, Зоран Заев да ги повика во полициска станица Хрстијан Мицкоски и Орце Камчев, Чулев вели дека законите и нивната неселективна примена се основни темели на неговото работење.

„Во денешната изјава лидерот на СДСМ јавно ме повика да ги поканиме на разговор и други лица кои се споменуваат во бомбите и уште веднаш ги охрабрувам моите колеги во најкраток можен рок да го направат тоа, но не само оние кои ги спомена тој, туку сите политичари кои изминатиот период беа поврзани, споменувани или во иднина ќе бидат поврзани со некоја од бомбите кои се објавуваат во јавноста, вклучувајќи го и самиот Зоран Заев“, напиша на Фејсбук, техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев.

.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни