Сите слушнале за терминот „крокодилски солзи“, но дали знаете што значи и како настанал?

Дали некогаш сте се запрашале зошто ги користиме овие два збора заедно? Оваа фраза е синоним за лицемерно однесување и неискрена тага. „Рони крокодилски солзи“ – оваа реченица често ја користиме кога некој покажува лажно сочувство и лажна емпатија, а всушност се радува поради нечија несреќа. Но, зошто „крокодилски“? Објаснувањето е исклучително интересно: имено, крокодилите се опасни и крволочни предатори, кои секако не плачат поради тагата за своите „жртви“. Но, крокодилите навистина леат солзи, но не од тага! Како е тоа можно? Додека го голта својот плен, крокодилот рефлексно фрла големи солзи – односно на овие животни солзите и плунковни жлезди им во близок контакт, што значи дека додека лачи плунка за да го проголта пленот, автоматски му се леат солзи! Оттука и објаснувањето на оваа појава.