Сите средни училишта во главниот град на Јужна Кореја, Сеул, преку факс добиле закани на јапонски дека ќе бидат кренати во воздух, соопшти денеска јужнокорејската полиција.
Во соопштението се наведува дека полицијата трага по лицето кое ги испратило заканите, како и дека училиштата имаат зголемени безбедносни мерки, пренесе Јонхап.
Факсот, кој беше испратен во средата од канцеларијата за имиграција поврзана со Министерството за правда, тврдеше дека бомбите веќе биле поставени во сите гимназиите во Сеул и ќе почнат да експлодираат во петок попладне по локално време, според полицијата.