Македонија

Сите термоелектрани во државава произведуваат струја што е редок случај, порача Бислимовски

Сите термоелектрани во државава произведуваат струја што е редок случај, порача Бислимовски

Третиот блок на РЕК Битола од денеска е вклучен во мрежа и произведува електрична енергија со што сите термоелектрани во државата, вклучувајќи го и ТЕЦ Неготино произведуваат електрична енергија што е редок случај, посочи денеска претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) Марко Бислимоски.

-Верувам дека со работењето и на третиот блок во РЕК Битола ќе има вишоци на електрична енергија кои ЕСМ ќе ги продава на слободниот пазар на електрична енергија со цел да си ја подобри својата ликвидност и финансиска стабилност, рече Бислимоски на денешната прес-конференција.

Во одговор на новинарско прашање посочи дека согласно одлуката на Владата, донесена во ноември, од 1 јануари годинава повторно се вратени на слободен пазар сите потрошувачи кои недозволено се префрлија од слободен на регулиран пазар на електрична енергија.

-Тие институции кои имаат надлежност да го утврдат тоа веќе го прават во изминатите неколку месеци, а РКЕ нема надлежност врз компании на кои не им издала лиценци. Верувам дека во наредниот период ќе се знае какви санкции ќе бидат преземени кон компаниите и општините кои недозволено се префрлија од слободен на регулиран пазар на електрична енергија, потенцира Бислимоски.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни