Живот

Сите вака го полниме мобилниот телефон, а со тоа правиме ОГРОМНА грешка

Батериите на паметните телефони имаат ограничен животен век, а начинот на кој ги полните дополнително може да го намали. Затоа е важно да знаете кој е најдобриот начин за тоа,.

Повеќето луѓе го полнат телефонот во текот на ноќта, во текот на спиење кога не им е потребен, но тоа всушност е грешка.

Целоноќното полнење на телефонот и оставање на уредот на полнач откако ќе постигне 100% наполнетост воопшто не е добро за батеријата бидејќи го забрзува процесот на нејзино слабеење.

Батеријата секако со времето ќе ослаби, но може подолго да ја соочувате ако внимавате како и колку долго го полните телефонот.

Литиум-јонската батерија најмалку слабее ако ја одржувате на 30 или 50% наполнетост. Сепак, не е реално да се очекува од корисникот постојано ја ја одржува батеријата полна 30 до 50% бидејќи на повеќето им е потребно да трае што подолго, особено ако знаат дека некое време нема да има каде да ја дополнат.

Клучната работа е всушност батеријата да не биде долго 100 проценти полна, па затоа избегнувајте да го оставате уредот на полнач во текот на целата ноќ.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Борче Треновски, универзитетски професор 15.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни