Од фабриката Охис некогаш егзистираа повеќе од 5.000 семејства. Жителите ги користеа култните производи, како прашок за перење, сјај за садови, сапун за рачно перење. Некогашниот „Поли“ на Охис чистеше сè, но денеска нема кој да ги исчисти остатоците од производството. Во доворот се наоѓа токсична бомба.
„Тие 11 видови на отпад, спаѓа како најопасни се хлорот и винил хлоридот. Хлорот е веќе отстранет и е надвор од Македонија, другите девет се спакувани и овде во магацинов, што го видовте по сите меѓународни прописи. Со најкус период, чекаме дозвола за извоз, која опфажа 7 земји, каде треба да помине, а крајна дестинација е Швајцарија“, изјави Владо момировски – директор на „Еко Центар 97“
11 видови отпад остануваат во дворот. Оддалечени се една од друга околу 1 километар. Доколку се најде нов купувач на Охис, тој треба да купи чист објект, без хемикалии. А ова е прв зафат во Македонија, досега никој никогаш не чистел ваков токсичен отпад.
Најризичен е виниум хлоридот.
„Останува едно од најопасните жаришта, тоа е цистерната со виниум хлорид за која се уште немаме конкретно решение затоа што во летниот период кога добивме решение за елаборат од министерствоо, веќе беше јуни месец. А, на такви високи температури над 20 степени не е препорачливо и законски не е дозволено да се оперира со таков вид на опасен отпад“, додава Момировски.
Виниум хлоридот веќе 30 години не се користи во Европа. Партнерите на фирмата „Еко центар 97“ која е задолжена за отстранување на отпадот, не сака ниту да слушне за евентуално отстранување на виниум хлорид. Директорот вели дека не доаѓаат да го видат, а не пак да го отстрануваат или транспортираат. Бидејќи веќе никој не го користи, нема ниту филтри каде тој може да биде уништен.
И заменик министерот за животна средина вели дека засега нема решение за виниум хлоридот.
„Нај проблематичен е виниум хлоридот кој се чува со 24 часовна служба бидејќи во процесот на транспорт температурата не смее да биде над 20 степени. Така го одржување и во моментов. Опасно е и ризично, затоа тоа не е извезено од нашата држава“, изјави Јани макрадули во емисијата „10 минути“ на ТВ21.
Хлорот од Охис е исчистен. Завршил во Србија каде бил и уништен. Останатите хемикалии ќе се изнесуваат во земји кои се подготвени за таков отпад и кои имаат можност за соодветно уништување без штети врз тамошните жители.
Новинар: Дали сме подготвени како држава за евентуална вонредна ситуација во врска со отпадот во Охис?
„Сите институции промтно реагираат. И тоа е еден доказ за подготвеноста на институциите да се справат со евентуални проблеми, хаварии, но треба да извлечеме и поука за по често контролирање на процесот“, вели Макрадули.
Додека се најде лек за раната во Охис, голем број на хемикалии остануваат на отворено. Без да се знае во колкава количина ги има. Тие се и најопасните бидејќи се изложени на атмосферски влијанија. Иако сите тие се закопани, екпертите велат дека тоа најжешка еколошка точка во Македонија. Темпираната бомба мора да биде деактивирана, бидејќи тоа на Македнија и го налага и Стокхолмската конвенција потпишана во 2004 година, а во 2009 година е додаден и линданот на таа листа.