Македонија

СЈО: Нема поплава, сите документи за „Империја“ се сочувани

По информацијата дека во СЈО се поплавила, од специјалното јавно обвинитлество демантираат, истакнувајќи дека станува збор само за пукната цевка и дка сите документи и докази од предметот „Империја“ се сочувани. Ова го потврди за МИА обвинителката од СЈО, Лиле Стефанова. Таа вели дека не станува збор за поплава, туку за прскањ на една цевка од парно греење во просториите во сутерен, а не во подрум.

Од СЈО посочуваат дека сите документи се скенирани и се чуваат и во електронска форма, а по целосниот увид на документацијата во однос на предметите „Триста“ и „Шпион“, доколку има потреба за некој од документите, тие ќе бидат обновени.

-Tочно е дека поради дотраеност на сѐвкупната инсталација за парно греење во објектот во кој е сместено Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, протече една од цевките на тој систем, при што беше зафатена дел од документацијата на неколку предмети кои се водат од страна на ова Јавно обвинителство, меѓу кои на „Империја“, „Триста“ и „Шпион“. Притоа, треба да се има предвид дека во ова Јавно обвинителство документите се скенираат, но доколку се утврди дека има документи кои не биле ставени во електронска форма, ќе се бара нивно обновување. Во моментот се испитуваат причините за конкретниот дефект и се спроведува внатрешна процедура со цел да се изготви попис и проценка на вкупната штета. Инаку, од страна на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите осигурени се како објектот, така и опремата, наведуваат од СЈО.

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни