Пратеникот Скендер Реџепи-Зејди на социјалните мрежи реагираше за вчерашната средба на албанските политички лидери во Тирана со премиерот Еди Рама.
Зејди сподели црно-бела фотографија од вечерата во Тирана, на која пишува дека Албанците страдаат додека лидерите наздравуваат.
„НАЗДРАВУВАТЕ – СТРАДАТ АЛБАНЦИТЕ…
„На здравје“ за 20%;
„На здравје“ за празните градови и села;
„На здравје“ за образование без книги воопшто;
„На здравје“ за населбите со средновековни услови;
„На здравје“ за затворите исполнети со Албанци;
„На здравје“ и оваа година, исто како и минатата година“, напиша Зејди на својот Фејсбук профил.