Македонија

Скопјанец со приход од 212 милиони денари, најмладиот милионер има само 15 години

Најбогатиот скопјанец во 2017 остварил приход од  212 милиони денари, втор на листата е исто така жител на Скопје со над 207 милиони денари, а на оваа листа се најде и граѓанин на Струга со околу 135 милиони денари. Потоа следува Битолчанец кој пријавил приход од околу 93 милиони денари. Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска рече дека над еден милион денари бруто приходи пријавиле околу 25 илјади лица.

-И во 2017 година здравството фармацијата и информатичките технологии остануваат сектори каде што се исплаќаат највисоки плати. Највисоката добивка од лотом обложување, казино и учество во наградни игри е пријавен од страна на тетовец кој само по овој основ остварил 9 милиони 999 илјади и 41 денар.-вели Лукаревска.

Високи приходи има и кај пензионерите, а највозрасниот милионер има 98 години, додека најмладиот има само 15 години, кој заработил преку интернет услуги.

-Највисок бруто приход само по основ на пензија е пријавен од страна на скопјанец и тоа во износ од 5 милиони . Станува збор за пензија која на даночниот обврзник му се исплаќа од странство. Највозрасниот граѓанин кој остварил приход над еден милион денари е на возраст од 98 години додека во групата на остварени приходи над 10 милиони денари е лице на возраст од 86 години. Најмладиот граѓанин  кое остварил приход над еден милион денари бил на возраст од 15 години, додека во групата на остварени приходи над 10 милиони денари најмладиот граѓанин има 20 години.-вели Лукаревска.

Лукаревска информираше и дека во 2017 највисока остварена капитална добивка изнесува околу 44 милиони денари, пријавена од Прилепчанец. Под продажба на сопствени земјоделски производи во износ од околу 6 милиони денари пријавил граѓанин од Скопје.

РЕПОРЕТЕР: СВЕТЛАНА УНКОВСКА

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни