Македонија

Скопјанец удрил во 8 годишно дете во Прилеп, со тешки телесни повреди детето итно хоспитализирано

На 31.03.2019 во 14.20 часот на крстосница од улиците „Војводинска“ и „Ладо Ланецот“ во Прилеп, патничко возило „Фиат добло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Ѓ.(49) од Прилеп удрило во осумгодишно дете од Прилеп. Детето се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во Градската болница-Прилеп каде му била укажана лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Прилеп.

Извор: ТВ21

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Марина Малиш Саздовска 13.10.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни