Аки Рахимовски и „Парни валјак“, неколку македонски пејачи, ди џеј и косовската група „Офкестра“ ќе ги забавуваат скопјани за новогодишната ноќ. Новогодишната програма ќе почне во 21 часот на Градскиот плоштад „Македонија“ и ќе трае до еден часот по полноќ. Како дел од новогодишното расположение, центарот на Скопје, од утре, сабота, ќе почне да живее во празничната еуфорија со целосна програма во „Винтерленд.
Предвидена е програма и за најмладите која ќе ја разбуди нивната радост. На плоштадот „Македонија“ веќе се поставени дрвени куќички како дел од новогодишната населба каде што се нудат рачно изработени сувенири, украси, книги и божиќни подароци.
Се вчитува...
