Македонија

Скопје добива нови пешачки патеки: Реконструкција почнува на булевар „Партизански одреди“

Скопје добива нови пешачки патеки: Реконструкција почнува на булевар „Партизански одреди“

Во Скопје започна голема акција за целосна реконструкција на пешачките патеки, со цел подобрување на безбедноста и уреденоста на јавниот простор.

Првата интервенција се реализира на булеварот „Партизански одреди“, на потегот од мостот „Обединети нации“ до пешачкиот мост „Влае“, во површина од 1.200 метри квадратни. Новата патека ќе биде широка четири метри, со современа подлога, уредени рабници и подобрена пристапност за сите учесници во сообраќајот.

Според градските власти, оваа делница е една од најфреквентните во Скопје и долго време беше во лоша состојба, па реконструкцијата значително ќе ја зголеми безбедноста и функционалноста на просторот.

Акцијата продолжува со реконструкција на дополнителни пешачки патеки, велосипедска инфраструктура и изградба на нови современи решенија за удобен и уреден градски живот.

Имате вест, приказна или проблем? Пиши ни