Македонија

Скопје и Атина против лажните вести, „Се ужаснував кога читав дека Македонија веќе не постои“, вели Папас

Решавањето на прашањето со името, потпишувањето на Преспанскиот договор, референдумот како и уставните измени во Северна Македонија се процеси кои најмногу беа цел на лажните вести. Овие лаги беа силно орудие на непријателите на Преспанскиот договор, рече пред своите колеги во Атина, министерот за информатичко општество, Дамјан Манчевски.

За избегнување на ваквите вести, според грчкиот министер за дигитална политика и медиуми, Никос Папас, потребно е двете земји да изградат мост на соработка.

„За кампањата со лажни вести против Преспанскиот договор некој требаше да добие Нобелова награда. Да ја кажам вистината, кога ги читав вестите дека божем не постои веќе Македонија, се ужаснував. Сметам дека за да се надминат ваквите лажни вести треба да се изгради мост на соработка со што ќе ја објавиме само светлата страна на Преспанскиот договор“, изјави икос Папас – министер на Грција за ДПТМ.

Средбата на двете делегации во Атина резултираше со договор меѓу јавните телевизиски сервиси на двете земји, кои потпишаа меморандум за соработка против лажните вести и пропагандата која доаѓа од технологијата.

РЕПОРТЕР: БЕСИР АРИФИ

Извор: ТВ21

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни