Македонија

Скопје на 21 место по загаденост во светот

Скопје на 21 место по загаденост во светот

Скопје денеска беше на 21 место по загаденост на воздухот, додека вчера главниот град беше меѓу 10-те најзагадени градови во светот.

Загаденоста на воздухот е проблем во Македонија години наназад, а досега никој не наоѓа решение. Особено загаден воздух има во Скопје, Тетово, Струмица, Битола, но и во другите градови.

Во Македонија годишно умираат 3400 луѓе од загаден воздух, што претставува нешто помалку од 20% од вкупната смртност.

Главни извори на загаден воздух се загревањето на домаќинствата и јавните објекти, сообрќајот и ресуспендираните честички.

Погодени се најмногу децата, како и оние кои имаат долгорочни здравствени проблеми.

СЗО предупредува дека голем дел од Балканот диши загаден воздух.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни