Македонија

Скопје остана без новогодишна прослава – музичарите самоиницијативно организираат забава

Скопје остана без новогодишна прослава – музичарите самоиницијативно организираат забава

Градот Скопје оваа година не организира традиционален дочек на Новата година на градскиот Плоштад, но музичарите самоиницијативно одлучија да приредат новогодишна забава за граѓаните.

По недостигот на официјални информации од Град Скопје како ќе се прослави новогодишната ноќ, Здружението на естрадни уметници „Естрада“ покрена иницијатива да биде организатор на новогодишната забава.

Според најавите, на новогодишната забава ќе настапуваат познати музички имиња од македонската естрада како што се, Наум Петрески, Благица Павловска, Ферус Мустафов, Зуица Лазова, Ленче и Горан Кукиќ, Елена Ристеска и други.

Досега Градот Скопје бил организатор на прославата на градскиот Плоштад на којшто во изминатите години настапија познати музички имиња од македонската и странската сцена.

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Ивана Петковска, Коалицијата „Сите за правично судење“ 17.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни