За прв пат, во Скопје следниот викенд ќе се организира Парада на гордоста. Организаторите се надеваат дека на денот на маршот нема да има провокации и инциденти. Секој учесник ќе добие нараквица која ќе биде гаранција дека може слободно да се движи внатре и надвор од обележаната површина на маршот.
Од Организацискиот одбор на Скопје Прајд велат дека добиле голема поддршка за овој марш, а најавија дека како поддршка на маршот ќе дојдат и многу политичари .
Од МВР велат дека се подготвени овој настан да помине без инциденти и на најдобар можен начин.
Кочо Андоновски од Организацискиот одбор рече дека очекуваат на маршот да учествуваат од 200 до 500 учесници , додавајќи дека ова е доволен број за организирање на првата парада. Парадата на гордоста се организира прв пат во Скопје, а ќе се одржи на 29 јуни. Северна Македонија и Босна и Херцеговина се единствени земји во кои до сега не се организирани вакви паради.
РЕПОРТЕР: ВАЉМИРА ЗЕНДЕЛИ